А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Нема веќе криење од директно соочување на Заев со Груевски

by А1он12/11/2016 - 15:06178
Share0

„Голем е стравот кај аболицираниот криминалец Зоран Заев откако сфати дека крајот му е поблиску отколку што мислеше.

Добивај вести на вибер

Голем е стравот кај Заев откако сфати дека после 11-ти декември не само што СДСМ ќе биде жестоко поразен на избори, туку и тој ќе мора да сноси и директна лична одговорност за се што и’ направи на Република Македонија.

Нема веќе криење за Заев од директно соочување со Никола Груевски. Нема бегање за СДСМ од соочување со волјата на граѓаните и нивното врвно демократско право самите да бираат кој ќе ја раководи државата.

СДСМ на чело со аболицираниот криминалец Зоран Заев правеше се за да му го ускрати ова право на народот. Правеше се за да не се појави на избори и да ја држи земјата во состојба на агонија и голема криза, да го истошти и исцрпи народот, а потоа за тоа да ја обвинува власта. Но тоа завршува на 11-ти декември.

Дојде крајот на сите лаги и измислици од Фабриките за Афери на СДСМ. Дојде неизбежниот крај за шарлатанските политики на аболицираниот криминалец Заев и неговите соработници.

Дојде време за крај на кризата. Аболицираниот криминалец Заев се плаши од тој ден, бидејќи Заев и СДСМ се водат по девизата „Колку полошо за Македонија, толку подобро за СДСМ“.

Нема повеќе од ова за нив, нема подалеку од тука до каде што дојдоа. Доаѓа денот кога граѓаните ќе си дојдат по своето и ќе им кажат не, на деструктивните и антимакедонски политики на аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ“, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ на писмената изјава на Зоран Заев во врска со изборните листи.

dpmne

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски15/02/2026 - 12:24

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 14:1211/02/2026 - 14:51

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 13:19

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски11/02/2026 - 12:5211/02/2026 - 12:53

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 12:54

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски06/02/2026 - 10:5106/02/2026 - 12:17
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен