ВМРО-ДПМНЕ: Нема кратење на средства во Министерството за здравство, туку тековно репрограмирање

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес конференцијата на Јагода Шахпаска од СДСМ.

„Шахпаска наместо да собере храброст и да ја отфрли Тиранската платформа се обидува со невистини да ја манипулира и заплашува јавноста. Ова е само уште еден неуспешен обид за дефокусирање од плановите на СДС за редефинирање на државата.

Дотолку повеќе што Шахпаска тоа го прави неумесно и покажува дека СДС повторно покажува елементарно непознавање на финансиските процедури во Министерството за здравство.

СДС очајно се обидува да направи сензационална вест од вообичаена финансиска процедура во едно министерство, со единствена цел да го наруши угледот на Министерството за здравство.

Воопшто не станува збор за кратење на средствата за инсулинска терапија, туку имајќи предвид дека буџетот за 2017 година се планира уште во претходната година, проектиран е буџет за оваа година пред да се спроведе постапката за јавна набавка, а потоа буџетот се репрограмира врз основа на постигнатите цени на јавната набавка и роковите за доспевање на фактурите. Тоа е нормална и вообичаена процедура во финансиското работење на Министерството и воопшто не станува збор за кратење на средствата, туку за тековно репрограмирање на буџетот врз основа на финансиските импликации.

Најважно е дека до крајот на годината има доволно средства за да се покријат потребите на сите пациенти на инсулинска терапија.

Потсетуваме дека во споредба со НУЛА бесплатни ленти за мерење гликемија во времето на СДС, сега овозможуваме 350 бесплатни ленти годишно за пациенти со дијабетес тип 2 на инсулинска терапија, и 250 бесплатни ленти за 2 месеци кај лица со дијабетес тип 1. Обезбедени се нови 59 инсулински пумпи за деца со дијабетес, нови класи најсовремена антидијабетична терапија за пациентите со дијабетес тип 2, отворени се нови инсулински аптеки и за 20% е зголемен бројот на специјалисти во центрите за дијабетес.

Граѓаните многу добро паметат каква катастрофална здравствена политика водеше СДС кога беше на власт. Тие воопшто немаат планови за било какви реформи или проекти, бидејќи да имаа ќе ги спроведуваа кога беа на власт. Единствена проект кој СДС има немара да го направи е да ги распродаде државните и националните интереси за да се добере до власт.

Затоа народот е на нозе!

Затоа Македонија се буди“ стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ДПМНЕ се мачи да го одвлече вниманието на граѓаните од најважното прашање – предавството на Македонија, мигранти за пари

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ го изгласаа предавството на Македонија во Собранието

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Милионските криминали во Државна лотарија се случувале под покровителство на СДС и ДУИ

Предраг Петровиќ

Стојаноски: Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Предраг Петровиќ

СДСМ: ДПМНЕ-ЗНАМ признаа договор за мигранти за пари, ја предадоа Македонија!

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ активно се борела против мигрантите и мигрантските кампови, кои претходната влада на СДС и Заев сакаше да ги направи