ВМРО-ДПМНЕ: Нема крај на криминалите на семејството на Ахмети, внукот Дрин е вмешан и како подизведувач на коридорот 8 и други патишта низ Македонија

Од:

Кога јавноста ќе помисли дека дното е постигнато, во врска со криминалните активности на ДУИ, тогаш тука е семејството на Али Ахмети, со нови афери, каде се крадат парите на народот. Во документите кои стигнаа до ВМРО-ДПМНЕ е наведено дека „Тор Индустриес“, со Дрин Ахмети како сопствeник, е формирана во 2020-та година, за да учествува во големите градежни проекти кои се планирани од власта во Македонија, се вели во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ.

– „Тор Индустриес“, заедно со уште една фирма од кланот Зајас, е вклучен во изградба на коридорот 8, а договорот кој го имаат двете фирми е 1.3 милиони евра за ископ и други градежни работи.

Покрај коридорот 8, „Тор Индустриес“, фирмата на внукот на Али Ахмети, Дрин Ахмети е вклучена и во изградба на патот од Кичево до Дебар, поточно делницата Извор – Гарски мост. Исто како и на коридор 8, така и на оваа делница внукот на Али Ахмети е вклучен со уште една фирма од кланот Зајас, а средствата кои треба да ги приграбат, според документите доставени до нас, се помеѓу 6 и 9 милиони евра.

Во сите овие ситуации, само блиските роднини на Али Ахмети негуваат претприемачки дух. Очигледно секогаш во позадината, на овие црни бизниси е самиот Али Ахмети, кој дава амин, а во исто време ги користи своите внуци и синот, за да се збогати уште повеќе на грбот на граѓаните. дговорноста доаѓа за многу кратко, а кога тогаш Али Ахмети ќе мора да се соочи со своите постапки, преку кои тој се богати, а народот осиромашува“, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Лефков: Обвинителството да не молчи, експедитивно да реагира за Дрин Ахмети

Имотот на Јанушев СДСМ го поврзува со кинеските автобуси: За седум години сигурно ќе го затворевте ако имаше криминал одговори ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Дрин Ахмети се повлекува од раководната функција на „Тор индустрис“

Предраг Петровиќ

Јанушев: Обвинителството да отвори истрага за грантовите од ФИТР на Дрин Ахмети, од шест милиони по огласот, тој добил пет

Европски сојуз за промена: Законот не важи подеднакво за членовите на семејството на Али Ахмети

Обвинителството ќе вештачи, па ќе одлучува за пиротехничките средства пронајдени во возилото на внукот на Ахмети

Предраг Петровиќ