Лефков: Обвинителството да не молчи, експедитивно да реагира за Дрин Ахмети

Од:

ЈО да не молчи, да не чека и да реагира експедитивно за Дрин Ахмети, кој заработувал милиони без да плати соодветен надоместок за концесијата. Ахмети свесно ја оштетил државата, ја ограбил.ЈО не смее да остане под притисок на поранешната власт на СДС и ДУИ, и мора да почне да постапува согласно закон, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков.

– ЈО да не се плаши од таткото на Дрин Ахмети кој буквално му седи на главата на јавниот обвинител за организиран криминал Исмаил Абази, затоа што институциите се ослободуваат и сега ако не постапат, ќе треба и тие да одговараат пред законот за многу скоро од сега, зошто тоа не го направиле.Непостапувањето на институциите во време на СДС и ДУИ допронело до тоа Дрин Ахмети да работи, иако требало да му биде одземена лиценцата, а со тоа и да може да зема милионски тендери, иако требало да му се одземе лиценцата. Дрин Ахмети е фатен на дело како прави криминал, случајот е многу јасен. ЈО да постапи, затоа што тоа непостапување допринесе државата да има 2% доверба во судството и обвинителството. Очекуваме брзо процесуирање. Истовремено најавувам, дека од утре продолжуваме со нови случаи од скандалите опфатени во серијалот „Ограбена држава“, рече Лефков.

Би можело да ве интересира

На бегалката Ива Михаилова ќе и се суди во отсуство

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Катерина Ѓуровски

Се бара притвор за 20 годишник од тетовско – осомничен е за компјутерски криминал и дистрибуција на детска порнографија

А1он

Обвинителството бара пртивор за Ива Михаилова

Катерина Ѓуровски

Приведениот виш јавен обвинител е осомничен дека влијаел во најмалку четири случаи

Катерина Ѓуровски

Обвинение за пет интернисти од битолската болница за смртта на 40-годишна жена

Катерина Ѓуровски