ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во работата на Собранието

Од:

„Денес во Собранието на Република Македонија се закажани три седници. Сакаме да ве информираме дека Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ нема да учествува во работата на Собранието на Република Македонија на ниту една од овие седници.

Нема да учествуваме поради тоа што парламентарното мнозинство не создава и не сака да создаде демократски услови за работа, затоа што се врши политички прогон на политички неистомисленици, со апсење на пратеници, со апсење на уметници, со апсење на луѓе кои што си ја сакаат Македонија.

Сакаме да ве информираме дека како пратеничка гупа секојдневно имаме активности, секојдневно имаме средби со амбасадорите, кои што ги информираме за актуелната политичка ситуација. Би сакале да ја информираме јавносте дека како пратеничка група и понатака ќе продолжиме со ваквите наши активности“, се вели во соопштението на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

Исаку и Османи предложени за членови на Судскиот совет од страна на Собранието

Шабани e нов заменик-министер за одбрана, а Сулејмани во образование одлучи Собранието

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела