ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на конститутивната седница на ЗЕЛС

Од:

„Поради недемократско однесување на власта и селективниот пристап при примената на правдата во Република Македонија, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува на конститутивната седница на ЗЕЛС.

Република Македонија е заробена држава од страна на СДС. СДС го девалвираше правото и правната држава. Институциите веќе не работат по закон, туку по диктат на власта. Правосудните органи се под притисок, а граѓаните живеат во страв од насилието кое го спроведува власта.

Власта врши масовни притисоци, заплашувања, прераспоредувања и отпуштања од општините и локалните јавни претпријатија на вработени кои не се членови на СДС. Кривично се гонат голем број на градоначалници поради нивната политичка припадност, ова е невиден преседан во Република Македонија во последните 27 години.

Власта во политички монтирани случаи ги затвора патриотите, чиј единствен грев е што си ја сакаат државата, а подготвува закон за амнестија на над 1.000 затвореници, сторители на тешки кривични дела.

Заради тоа ВМРО-ДПМНЕ го изразува својот револт и нема учествува на конститутивната седница на ЗЕЛС“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер