ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме образованието да стане шведска маса на политички поени

Од:

„Откако СДСМ е на власт образованието тоне во хаос. СДСМ лаже кога вели дека со законот за наставници се покачуваат платите, затоа што тој единствено има врска со членот со кој се овозможува брутална партизација“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес конференцијата на Санела Шкријељ.

„СДСМ единствено за што се грижи е како да го партизира образованието. Ако им беше за покачување на платите ќе го поддржеа предлогот на ВМРО-ДПМНЕ, кој тие го одбија за да се покачат платите.

ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се гради систем на нееднаквост и нерамноправност, бидејќи образованието не е шведска маса на политички поени иако за жал СДСМ го доведе до степен.

Неквалитетни решенија заради партиски амбиции во образовниот систем нема да има.

Лажната грижа на СДСМ за просветните работници и административниот кадар во образованието излезе на виделина“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче