ВМРО-ДПМНЕ: Нелогично е што со 111 место по корупција, Николовски е се уште министер

Од:

„Љупчо Николовски не е аналитичар или експерт од некоја област, па само да ја коментира корупцијата. Љупчо Николовски е вицепремиер, но како да не е.

Нелогично е што Љупчо Николовски со Македонија со 111 место во светот по корупција е се уште министер, а тоа што сликар ќе го оправа здравството е криминал“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Николовски наместо да дели коментари, треба да работи, но очигледно не смее. Љупчо Николовски не смее да разреши или да побара оставка на ниту еден повисок функционер во власта. Николовски молчи и го толерира Марин, иако ЗНМ кажа дека преку огласот за награда на прилог на новинар кој ќе промовира проект ба општината тој прави корупција.

Николовски не само што не смее да го разреши, туку и огласот уште стои на страната на општина Аеродром.

Очигледно е дека позицијата на Николовски е измислена само за истиот од некаде да зема плата и да може да ги врши партиските задачи.

Љупчо Николовски не презема ниту една иницијатива против криминалот поради кој сме рангирани на 111 место на листата на Транспаренси. За само неколку месеци имаме криминал во ШИК Јелак и со Еуростандард банка од 400 милиони евра, а одговорност нема од никого. Николовски не може да разреши локален функционер како Марин, а не пак да побара одговорност за Заев кој лично беше посочен од Бојан Јовановски – Боки 13, дека парите од аферата „Рекет“ завршиле кај него.

Николовски нема капацитет, ниту кредибилитет да се бори против корупцијата, тој само седи на фотелја на измислена функција и зема плата“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус