ВМРО-ДПМНЕ: Неколкучасовното малтретирање на членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во полициска станица доказ дека Заев е исплашен од младите

Од:

„Власта е во паника и преку насилство и заплашување се обидува да ги замолчи неистомислниците и слободомислечките граѓани.

Неколкучасовното малтретирање на членови на УМС на ВМРО-ДПМНЕ од Аеродром во полициска станица е доказ дека деспот Заев е исплашен од младите и промените кои тие ќе ги донесат.

Младите одамна му го свртеа грбот на Заев затоа што ги излажа и повеќе од две години не прави ништо за подобрување на животниот стандард.

Младите не сакаат да живеат во криминална држава и го креваат својот глас против деспотот Заев.

Ниту едно заплашување или злоупотреба на државните институции со цел замолчување на младите нема да помине.

Младите се самосвесни и ќе бидат предводници на промените на оваа ненародна власт.

Деспотот Заев знае дека паѓа и затоа прави чекори во паника.

И Заев и сите кои ја злоупотребуваат власта за да шиканираат друг, треба да знаат дека ќе дојде ден кога ќе одговараат за своите незаконски дејствија.

ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи враќање на демократијата и правната држава, за сите да бидат еднакви пред законот и институциите. ВМРО-ДПМНЕ ќе овозможи услови во кои правосудните институции непристрасно ќе одлучуваат и ќе ги процесуираат сите криминали на власт“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче