ВМРО-ДПМНЕ негира одржување на избори во ноември

Од:

– Ниту сме размислувале, ниту пак има таква опција во ноември да има предвремени парламентарни избори. Мојата вчерашна изјава е извадена од контекст – вели координаторот на пратеничката група на ВМРО – ДПМНЕ Илија Димовски.

Тој во изјава за пораталот МКД.МК изјави дека се надева на враќање на СДСМ во Парламентот.

Вчера, Димовски за телевизија Телма изјави дека времето ќе покажело дали изборите ќе се распишат само за испразнетите 31. пратеничко место или пак за нови 123 пратеници.

– Уставните рокови течат, мора да се стави крај на политичката криза. Нема простор за калкулации. Собранието ќе биде доведено до ѕид, не би посакал оваа политичка криза да заврши на таков начин, секој носи своја одговорност – рече Димовски за ТВ Телма.

Пред два дена претседателот на Собранието Трајко Вељановски изјави дека рокот за враќање на пратениците на СДСМ во пратеничките клупи е 8 октомври. Потоа следува официјализирање на престанокот на мандатот и почнуваат да течат уставните рокови за пополнување на бројот на пратениците од останатите на изборните листи на СДСМ. Ако и потоа пратеничките места на опозицијата останат празни, ќе мора да се организираат делумни парламентарни избори, само за пополнување на испразнетите 31 пратеничко место.

СДСМ останува на петте барања за продолжување на политичкиот дијалог, меѓу кое е и формирање на техничка влада, што за ВМРО – ДПМНЕ е неприфатливо.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?

Бурата како спас: Вентура бара одложување на вториот круг од претседателските избори во Португалија