„Здравствениот систем е во целосен колапс, само за 24 часа изминатото деноноќие во Македонија 21 лице го загубија својот живот и нови 1.254 новозаразени граѓани од Ковид-19. Додека здравствените власти преку социјалните мрежи се убедуваат кој да биде во нефункционалната Комисијата за заразни болести, секој ден имаме по илјадници новозаразени од КОВИД-19 и без никакви функционални мерки за спречување на ширењето на вирусот“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.
„Без никакви мерки, граѓаните се препуштени сами на себе да се снаоѓаат како што умеат.
Со денови се чека за тестирање од КОВИД-19, секој ден матичните лекари се жалат дека системот Мој термин паѓа и не можат да закажуваат прегледи за пациентите.
И во целиот овој хаос, министерството за здравство, како и владата на пиунот Ковачевски, решија да започне второто полугодие во образовниот систем, изложувајќи ги децата на ризик од заразување со КОВИД- 19.
Веднаш се потребни итни мерки за спречување на ширењето на новиот омикрон сој на КОВИД-19. Македонија се претвори во Вухан, само заради неспособноста како на претходниот министер за здравство Венко Филипче кој мислеше само на тендери и провизии, така и на новиот министер Беким Сали“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
