ВМРО-ДПМНЕ: Недозволиво е притворени лица да бидат изложени на физичко линчување

Од:

„Вчерашниот ден ќе остане запаметен како црн ден за демократијата во Република Македонија. Власта допре дното. Претепувањето на Миле и Спиро е акт на деспотизам и страв на власта која се плаши од неминовниот пораз од граѓаните.

Не помина еден ден откако ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека власта врши тортура и свесен линч и доказот за тоа го видовме вчера. Тепани и линчувани луѓе во притвор, како да се наоѓаме во Северна Кореја, а не на тлото на Европа.

Миле и Спиро, како и сите граѓани кои се влечат по затвори врз основа на рекла казала моабети и заради спротивни политички гледишта од тињ на власта се жртви на политчки прогон.

Зоран Заев, Рената Дескоска и директорите на Управата за извршување на санкции и притворскиот затвор „Шуто оризари“ треба да понесат одговорност веднаш.

Недозволиво е притворени лица да бидат изложени на физичко линчување.

Одговорност мора да има.

Граѓаните ги прочитаа очајните обиди на Заев. Закрвувањето на општеството нема да му успее.

Зоран Заев и луѓето околу него кои учествуваат во овој прогон ќе одговараат кога ќе се врати правната држава“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче