ВМРО-ДПМНЕ: Не стивнуваат јавните закани упатени кон функционери на ВМРО-ДПМНЕ од Кумановската група

Од:

„Република Македонија е единствена држава во демократска Европа која што во своите затвори има политички затвореници, луѓе жртви на прогонот на Зоран Заев. Единствена грешка на овие луѓе е што меѓу првите го крена гласот против катастрофалните политики на Зоран Заев и СДСМ.

На аболицираниот Заев не му беше доволно да ги притвора овие луѓе и да нарачува пресуди против нив, па сега се посегнува и по нивните животи. Не стивнуваат јавните закани упатени кон функционери на ВМРО-ДПМНЕ од страна на Кумановската група, луѓе на кои Заев им ветуваше амнестија и некаква си меѓународна истрага за настаните во кои десетици полициски службеници беа ликвидирани или тешко повредени.

Со оглед на фактот што институциите воопшто не реагираат на ваквите закани, се отвора сомнеж дека можеби имаат некаква поддршка од структурите на власта.

Аболицираниот Заев и неговиот криминален картел се во паника, бидејќи нивниот рејтинг е во слободен пад и знаат дека масовно ја губат поддршката на граѓаните. Од своите неуспеси и глупости, криминалната и одродена власт ја дефокусира јавноста со политички прогон и тортура на неистомислениците.

Правната држава во Македонија ќе се врати кога СДСМ ќе си замине. Правдата ќе се врати кога Зоран Заев ќе замине во својата политичка пензија. Овој политички прогон мора да заврши!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање