ВМРО-ДПМНЕ: Не смееме повеќе да дозволиме да имаме богата влада, а гладен и сиромашен народ

Од:

„Сиромаштија, беда, превисоки цени на прехранбени производи, поскапи горива, поскапа електрична енергија, ниски плати, висока инфлација, руинирано здравство, катастрофално образование, економски колапс, несигурен откуп и ниски откупни цени на земјоделските производи, распродадени национални и државни интереси, зголемен број на иселени граѓани, криминал, корупција, тендери во четири очи, се работите со кои се соочуваат граѓаните изминатите пет години со владата на СДСМ и ДУИ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова се работи кои ги мачат сите граѓани и токму затоа мораме заедно да ја промениме лошата реалност. Повикуваме на обединување на народот и приклучување на патот на промените, за да ги заштитиме граѓаните и да ја зачуваме државата.

Доста е од поделби. Доста е од препукувања. Доста е од популизам. Доаѓа време кога мораме да се избориме за систем, вредности, сигурност и иднина.

Не смееме повеќе да дозволиме функционерите на владата на СДСМ и ДУИ да ужуваат во бенефициите на функциите, а народот да осиромашува. Не смее да дозволме да имаме богата влада, а гладен народ.

Криминалната влада на СДСМ и ДУИ не се руши само со една битка, туку со многу битки и труд. Но, само обединети и сплотени можеме да се избориме со оваа ненародна и корумпирана власт.

Само рамо до рамо можеме да покажеме дека гласно се спротивставуваме и бараме промени. А промените доаѓаат со организирање на предвремени парламентарни избори и конечен пад на владата на СДСМ и ДУИ.

Почитувани граѓани, борбата за подобра иднина, за поквалитетен живот, повисок стандард и подобро утро не обединува сите нас, затоа ве повикуваме да ни се приклучите во промените и да излеземе сите заедно на големиот народен протест за промени во сабота 18 јуни во 20:00 часот пред Владата на Република Македонија и да порачаме дека сме одлучни во нашите барања.

Ги повикуваме сите граѓани, без разлика на нивната верска, етничка и политичка припадност, да ни се приклучат на „Протестот за промени“ и заедно да порачаме дека премногу е!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања