ВМРО-ДПМНЕ: Не смее да се дозволи криминализација и партизација на државата

Од:

Криминалот и партизираната држава не смеат да бидат одлика на Република Македонија, бидејќи нашата држава е демократска и не смее никој да ја враќа во 90-тите и да го промовира криминалното и силеџиско владеење од времето на транзицијата, порачува ВМРО-ДПМНЕ во пишано соопштение.

– СДС на криминален начин ја спроведе својата кампања и на криминален начин продолжува да владее и делува. Зоран Заев бараше смена на Републичкиот јавен обвинител за да спречи истрага за нелегалното финансирање на кампањата на СДС, за граѓаните да не дознаат со колку црни пари на терен се покривала кампањата на СДС, како што е случајот со Шуто Оризари. Поминаа две недели откако јавноста ја виде снимката во која јасно се говори дека на црно се истурени 80.000 евра за да се финасира кампањата на пратеникот на СДС од Шуто Оризари, Курто Дудуш, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Се потсетува дека Дудуш јавно им ветува на граѓаните дека доколку поседуваат членска книшка од СДСМ, ќе имат привилегии на лекар, ќе имаат привилегии во социјално, но и дека ќе можат да прават сообраќајни прекршоци, без за тоа да бидат казнети од полицијата.

– Со тоа СДС ја партизира државата до најмалата пора и креира систем каде што партиската книшка ќе одлучува за судбината на граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ ја повикува меѓународната заедница и меѓународните претставници во нашата држава да ги осудат изјавите на пратениците на СДС и со будно око да ја следат ситуацијата во Македонија под палката на СДС. Република Македонија не смее да стане пандан на комунистичка Северна Кореја, државата мора да се темели на демократските принципи и начела и за тоа не смее да има компромис, се потенцира во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски