ВМРО-ДПМНЕ: Не се разговара за промена на химната, граѓаните да бидат спокојни

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска демантира дека било кога се разговарало, ниту пак дека ќе се разговара за промена на химната и порачува граѓаните да бидат спокојни.

-ДУИ матрицата на етнизирање на сите важни прашања, и СДС пинг понг политиката треба да престане. Ниту некогаш било разговарано за промена на химната, ниту пак во иднина ќе се разговара. Граѓаните може да бидат спокојни. Времето на ДУИ и СДС на губење и порази на сите теми, со цел да се затскрие криминалот, помина, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ се сомнева дека покрај разговорите за промена на изгледот на македонскиот државен грб, може да се разговара и за промена на химната.

-Конкретно сметам дека првата дилема што се поставува е дали можеби внатре во коалицијата со ВЛЕН, давајќи го овој предлог за измена на државниот грб, не се разговара и за измена на химната. И тоа е нешто на што ВМРО-ДПМНЕ треба да одговори, рече вчера лидерот на СДСМ Венко Филипче.

Министерот за здравство од Коалицијата ВЛЕН, Арбен Таравари, одговарајќи на новинарско прашање во врска со промената на државниот грб денеска рече дека се подготвени да разговарат за се, за пакет мерки со кои ќе се решат сите заостанати прашања од минатото.

Како што изјави Таравари, Македонија е една од ретките постсоцијалистички држави чиј грб не е сменет.

-ВРЕДИ е подготвена да разговара за се. За жал, во минатиот период повеќе, така да речам, осетливи теми се ставаа под тепих и некако се сокриваа, не сакавме да се соочиме. Ние сме подготвени да разговараме за пакет мерки кои се нерешени во изминатите 20 – 30 години и во пакет да ги решиме, зошто тука да не бидат и грбот и химната и 20 отсто и други етнички прашања ако има и веќе да се фокусираме на економијата, евроинтеграцијата, антикорупцијата,… Тоа ги интересира граѓаните, подобри плати, подобар живот,…, истакна Таравари.

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вчера во изјава за медиумите потврди дека партиите од владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ и Вреди го отвориле прашањето за промена на државниот грб.

-Ние ова прашање го отворивме. Ние сме една од двете постсоцијалистички држави што се уште го имаат стариот државен грб, со некои мали модификации, рече вчера Мицкоски.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Манасиевски: Фризерница во време на Заев, добива проекти за медиумска писменост преку Еразмус +, вредни над 270 илјади евра

ВМРО-ДПМНЕ: Братот на Диме Велковски се офајди од добиените пари од Еразмус +

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: 205 илјади евра од Еразмус + со СДС завршија кај брат на нивен пратеник за дресирање магариња и правење сирење

ВМРО-ДПМНЕ: Во време на Зоран Заев и Лидија Димова од Еразмус+, Фрчкоски добил грант вреден 200 илјади евра

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

ВМРО-ДПМНЕ: СДС пак молчи за скандалите на Филипче со Заев