ВМРО-ДПМНЕ: Не престануваат антимакедонските изјави на одредени официјални лица од Бугарија

Од:

„Не престануваат антимакедонски, негаторски и понижувачки изјави на одредени официјални лица од Бугарија.

Во своите настапите еден европратеник и еден директор на државна институција директно го навредуваат македонскиот народ, а од македонска страна нема никаква реакција.

Министерството за надворешни работи има обврска да го штити угледот на државата и македонскиот народ, а досега гледаме само молк и замижување кое уште повеќе ги стимулира ретроградните структури кои го негираат постоењето на македонскиот народ.

Последен е нападот врз највисоката научна установа, која од директорот на Националниот Историски Институт во Бугарија беше претставена како инструмент во рацете на Заев и не смее да се впушти во коментари на договорот кој е постигнат во Софија, особено на најавите за бришење на учебниците или тврдењата дека Македонија и Бугарија имаат заедничка историја.

Претседателот на МАНУ, академик Таки Фити е директно повикан да ги демантира овие тврдења, но МНР има обврска да побара да престанат омаловажувањата на македонската држава и институции.

Зоран Заев во текот на целиот изборен период ветуваше дека ќе има експертски дебати и јавни расправи за секое позначајно прашање за државата, за сега да гледаме дека нема ни Д од дебата. СДС во целосно нетранспарентен процес го преговара договорот со Бугарија без да ги запознае и ја крие неговата содржина далеку од очите на јавноста.

Ваквото однесување на Заев е директно охрабрување на некои кругови во Бугарија. Зоран Заев има обврска да ги информира граѓаните што договорил во Софија.

ВМРО-ДПМНЕ го повикува МНР да ги осуди изјавите кои го негираат македонскиот идентитет и удираат врз достоинството на македонскиот народ..

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека Република Македонија треба да има добри односи со сите свои соседи, но без притоа да се задира во националната, јазичната и културната посебност на нашиот народ“, изјави Зоран Илиоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: Мицкоски политиката ја сведе на таблоид, со лажни афери ги прикриваат грабежот и неспособноста

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

51 тендер во вредност од 16 милиони евра за три години од општините на ВМРО-ДПМНЕ за „Пирамид билдинг солушнс“, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски