ВМРО-ДПМНЕ не нуди алтернатива, продолжува да игра на картата за спас на името

Од:

ВМРО-ДПМНЕ, очигледно, продолжува по патот кој го трасираше екс лидеорт на партијата Груевски, продолжува да игра на карата за спас на името. Раководство на партијата, кога се гласаа уставните измени, реши да молчи. Се затвори партиските простории, а до јавноста стигаа информации дека се одржуваат состаноци со органи на партијата. На денот на промената на името немаше поддршка ниту на протестите што ги организира Македонија блокира. По изгласувањето, лидерот на партијата Мицкоски даде изјава во која побара избори, за спас на Македонија, односно спас на името.

„ВМРО-ДПМНЕ и мнозинството на македонскиот народ и мнозинството на граѓаните на Македонија не го подржаа овој договор. ВМРО-ДПМНЕ ќе направи се што е во негова моќ да се исправи во иднина оваа неправда“, изјави Мицкоски.

Со слична изјава се јави и потпретседателот на партијата Александар Николовски, кој рече дека со Грците бил воможен договор без да се менувало името.Тој додаде дека кога ќе дошле на власт, ќе го поништеле Договорт од Преспа.

„Возможно е Македонија да е дел од ЕУ и НАТО и во исто време да не треба да се промени Уставот, со цел промена на името, тоа е возможно со силна дипломатија и експерти покрај себе. Се е менливо и минливо во животот и во таа насока мислам дека силна дипломатија пропратена со експерти може да го направи тоа“, изјави Николовски.

Се поставува прашањето, зошто тогаш ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 11 години, додека беше на власт не успеа да го реши спорот со името, во корист на Македонија. Екс Премиерот Груевски тврдеше дека црвените линии на Макеоднија се неменување на уставот, идентитетот и јазикот. Бараше меѓународна поддршка Грција да ја деблокира Македонија.

„Ситуацијата може да биде деблокирана ако Грција дојде под притисок од земји како САД, Германија и Франција. Но, ако не дојде до ова, тогаш тоа нема да се случи”, изјави Груевски во 2013.

Но, Груевски не ја доби меѓународната поддршка и спорот со името остана на статус-кво. Во целиот овој период, од 10 години не се гледаше решение на повидок.

На последните парламентарни избори целата камапања на ВМРО-ДПМНЕ, беше во патриотски стил при што главни теми беа неменување на името и не -двојазичност на целата територија на државата. Но, партијата не успеа да осигура мнозинство од 63 пратеници како што очекуваше, за да ги одбрани како што тврдеше уставот и идентитетот и јазикот.

Сегашното раководство, повторно бара избори при што реториката за придовање гласачи би била да се спасува Македонија. При тоа ВМРО-ДПМНЕ не кажува каков е планот за решение со Грција, доколку поништат како што велат договорот на Заев и Ципрас од Преспа. Надежта на опозицијата за добивање на изборите е огорченоста на народот, по оваа срамна одлука како што ја нарече Мицкоски.

„Не бараме избори да победи ВМРО-ДПМНЕ, туку да престане Македонија да губи“, изјави тој.

ВМРО-ДПМНЕ, за сега не кажува и како ќе делува како опозиција во наредните две години , доколку не се распишат предвремени избори. Останува, да почекаме , дали и каков план има партијата, односно дали ќе продолжи со протести, ќе има порадикални мерки за притисок до власта или пак ќе се помири со идејата да биде опозиција во наредните две години со што ќе има време за консолидирање на редовите во партијата….

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

СДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ

Филипче да каже со која болница преговарал за да добие виза, бара ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ одржал партиски состанок во училиште во Струмица, обвинува ВМРО-ДПМНЕ

Манасиевски: Ако Филипче има златна виза од друга држава, тогаш како може да вели дека тој е иднината

Веќе нема да требаат сертификати за странски јазик за директори, ВМРО-ДПМНЕ менува закони по мерка на нивните неспособни членови, обвинува Левица

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Фирма за тендери – Стентон Градба во време на СДС 90% од приходите ги имала од јавни набавки