ВМРО-ДПМНЕ не гледа иредентизам во имињата на аеродромот и автопатот кои премиерот Заев најави дека ќе ги менува

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ ја поздравува средбата меѓу премиерите на Република Македонија и Република Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас. Сметаме дека директните контакти на двајцата премиери може да придонесат за продлабочување на односите и градење на позитивна клима меѓу двете земји.

Во овој момент ВМРО-ДПМНЕ нема никаква информација за процесот на преговори околу проблемот кој што соседна Грција го има со нашето име. Оттаму, не знаеме дали најавите на Зоран Заев за преименување на аеродромот и автопатот се дел од некоја поширока стратегија за која што јавноста не е информирана или пак станува збор за едностран чекор на актуелната Влада на Република Македонија. Доколку е во прашање некаква стратегија, граѓаните очекуваат да бидат информирани за придобивките, а доколку станува збор за второто легитимна е загриженоста дека земјава прави еднострани отстапки, а не добива ништо.

ВМРО-ДПМНЕ не гледа иредентизам во имињата на аеродромот и автопатот кои премиерот Заев најави дека ќе ги менува.
Македонските граѓани на вчерашната прес конференција слушнаа многу работи, но не слушнаа на која држава е премиер Зоран Заев, а не слушнаа ниту на кој јазик говори или на кој народ му припаѓа“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела