ВМРО-ДПМНЕ: Не е вистина дека обезбедувањето на Груевски не дозволило доставување покана за судско рочиште

Од:

ВМРО-ДПМНЕ ја демантира веста дека обезбедувањето на Никола Груевски не дозволило доставување на судска покана.

„Веста дека обезбедувањето на претседателот Никола Груевски не дозволило доставување на поканата за судско рочиште во врска со предметот Титаник е лага. Имено обезбедувањето на претседателот Груевски го информирало доставувачот дека претседателот не е во домот во тој момент и не станува збор за никакво попречување.

Оваа вест претставува груба лага која има за цел манипулација на јавноста и дефокусирање од политичкиот прогон и реваншизмот кој го врши власта врз политичките неистомисленици“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Богданци заслужува повеќе, после три мандати на Шапов, општината се соочува со сериозни предизвици

Мицкоски од Брвеница: На Македонија и требаат нови успеси, резултати и проекти, а не поделби, затоа во недела ве повикувам да го заокружите бројот 1

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара утеха во пласманот од четврто место во Брвеница додека СДС ја направи партија која слави порази

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Филипче и Заев се пазареле со бугарските власти за случајот со Ива Михаилова за да му се оддолжат на Радев?

Горан Наумовски

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер