ВМРО-ДПМНЕ: Не бараме амнестија, туку истрага за криминалот и полнењето кутии

Од:

„Вчера видовме по којзнае кој пат како под владеење на Заев изгледа амнестија на криминалот. Недостасува уште судот да му се извини на градоначалникот Боро Малборо што морале да го истражуваат шверцот на цигари, исто како што му се извинија на Зоран Заев што воопшто помислиле да го гонат за барањето поткуп што го виде целата јавност.

Залудно СДСМ лаже и се правда. ВМРО ДПМНЕ не бара амнестија, туку бара да се истражи криминалот, полнењето кутии и останатите нерегуларности на референдумот.

Пораката од граѓаните е јасна, Договорот од Преспа е капитулантски, штетен и спротивен на националните и државни интереси. Референдумскиот неуспех на политиките на Зоран Заев е црвен картон за Зоран Заев и погубните капитулантски политики со кои ќе се соочи на фер и демократски избори!

Единствена амнестија за која СДСМ може да зборува се амнестиите и помилувањата за Зоран Заев за „Глобал“, за „Пуч“ и за „Поткуп“, каде на очиглед на сите граѓани Заев бара пари од бизнисмени.

Зоран Заев одобрува, поттикнува и нуди поткуп за изборни цели среде референдумска кампања, дело што е криминал според Кривичниот Законик член 160 за што следи затворска казна од најмалку 3 години, а Републичкиот Јавен Обвинител молчи.

Референдумскиот ден е полн со кривични дела против изборите, со полнења на кутии, со кршење на молкот, кол – центри од власта од каде со лажно претставување се присилува и нарушува избирачкото право на граѓаните, и за тоа има докази, а Републичкиот Јавен Обвинител никаде го нема.

Зоран Заев и криминалниот клан од СДСМ продолжуваат да ја силуваат демократијата, да го кршат Уставот, да ги кршат законите, да го погазат собранискиот деловник, се со една јасна цел – да ја изиграат јасно изразената волја на граѓаните за да ја избегнат правдата за злоделата“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Костадин Костадинов.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање