ВМРО-ДПМНЕ: Наумов го крши Законот за буџет

Од:

Буџетот на Република Македонија се носи во Собранието на Република Македонија со гласање од пратениците избрани од народот. Со попречување на реализација на Буџетот Кире Наумов го крши Законот за буџет. За ова Наумов ќе понесе одговорност.

Ова го истакнува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата на денешното соопштение од дополнителниот заменик министер за финасии Кире Наумов во кое повика на одговорност за, како што тврди, пропусти во процедурите при задолжувањето и нагласи дека за 9 февруари е закажана нова аукција на државни хартии од вредност.

Од партијата посочуваат дека народот никогаш не простува антидржавно делување.

– Пред 10-тото по ред убедливо губење на изборите на 24 април, Наумов и СДСМ директно се обидуваат да ја саботираат државата и нејзиното нормално функционирање и да создадат проблеми кои ги нема, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина