ВМРО-ДПМНЕ: Нашите пратениците три пати поактивни и со повеќе дискусии од СДСМ во Собранието

Од:

„Еве колку пратениците на СДСМ си ги заработуваат платите, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ три пати поактивни и со повеќе дискусии од СДСМ. Во период од 01.07.2021 година до 31.12.2021 година над 50% од сите активности во собранието се преземени од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е убедливо најактивна и мотор на Собранието.

Имено во периодот јули – декември 2021 година, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале дискусии 109, наспроти 36 дискусии кои ги имале пратениците на СДСМ, 10 на ДУИ, и 27 сите останати.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ имале 3 пати повеќе дискусии од тие на СДСМ.

Во истиот период пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата имале 127 реплики, наспроти 83 на СДСМ, 8 на ДУИ и 5 на сите останати. Воедно и според бројот на контрареплики пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се убедливо први, со 111 контрареплики наспроти 95 од СДСМ, 19 од ДУИ и 13 на сите останати.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ дадоа свој значаен придонес во нормалното функционирање на Собранието и носењето на закони за доброто на граѓаните, а во исто време силно се спротивставија на сите криминални закони на СДСМ и ДУИ.

ВМРО-ДПМНЕ во таа насока уште позасилено продолжува и сега со активната блокада во Собранието“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ