ВМРО-ДПМНЕ: Нашите градоначалници работеа со визија, во многу општини го надминаа ветеното

Од:

Во изминатите четири години градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ покажаа дека може да се раководи транспарентно, отчетно и во корист на интересите на граѓаните. Градоначалниците работеа со интегритет и визија и во многу општини го надминаа ветеното, односно испорачаа повеќе од она што првично беше зацртано во нивните програми. Резултатите се видливи, а граѓаните покажаа дека се задоволни уште во првиот круг на локалните избори кои се одржаа на 19 октомври, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Владата на ВМРО-ДПМНЕ направи суштинска промена во начинот на кој централната власт во државата соработува со локалната самоуправа. Преку поддршката која Владата им ја овозможува на општините се реализираат капитални инвестиции, се отвораат нови можности и се решаваат проблеми што со години стоеле само на хартија. Се гради инфраструктура, се обновуваат училишта, се модернизира јавниот транспорт, се решаваат проблеми со водоснабдување и отпад. Тоа се реални промени што го менуваат секојдневието на граѓаните. Тоа е моделот на управување што го има ВМРО-ДПМНЕ, модел кој гради и обединува, а најважно носи резултати.

Локалните самоуправи имаат партнер во Владата на ВМРО-ДПМНЕ, со цел да се обезбедат подобри услови за живот за секој граѓанин, секоја општина да има услови да напредува, независно која политичка боја ја има локалната администрација. Таа поддршка не значи само финансиска помош. Таа значи соработка, отворени врати, континуиран дијалог и процес во кој заедно со градоначалниците се идентификува она што им е навистина потребно на граѓаните и решенија кои се одржливи. На 2 ноември, имаме можност да го потврдиме овој правец. Ги повикуваме граѓаните од Аеродром, Брвеница, Валандово, Виница, Дебрца и Демир Капија, Дојран, Долнени, Зрновци, Карпош, Кичево, Конче, Кочани и Крушево, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Чешиново Облешево, Чучер Сандево, Шуто Оризари и Градот Скопје, да излезат, да изберат напредок и да го направат вистинскиот избор со заокружување на бројот 9! За твојот човек, за твоето место, за твојата иднина, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?