ВМРО-ДПМНЕ: Нашите градоначалници имаат реализирано многу повеќе проекти за 100 дена, отколку што нивните претходници од СДСМ за 4 години

Од:

„Градоначалниците од редовите на ВМРО-ДПМНЕ имаат реализирано многу повеќе проекти за 100 дена, отколку што нивните претходници од СДСМ имале за 4 години. Нема општина каде има градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а да не е подигнато нивото на комуналната хигиена. Исчистени се голем број депонии, а улиците и јавните површини редовно се чистат“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Започнати се нови или реновирани се 33 градинки, и 68 училишта низ цела држава.

Сите градинки во Аеродром и дел од основните училишта добија фотоволтаични кровни конструкции.

Отпочнати се 166 капитални проекти.

Нема општина во државата каде во првите 100 дена нема отпочнато со изградба на нова канализациона мрежа на места каде што ја немало, или обнова на постоечка.

Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ има со што да се пофалат, тие од СДСМ немаат ниту еден проект. Тоа е разликата и граѓаните јасно ја гледаат“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче