ВМРО-ДПМНЕ: Народот се чувствува навреден и изигран од страна на СДСМ

Од:

Одржување на нови парламентарни предвремени избори на ист трошок со локалните се најдобро решение за излез од актуелната криза.

Само на тој начин граѓаните ќе ја вратат целосната контрола врз иднината на Република Македонија и нивната волја нема да биде заобиколена преку разни пост изборни договори кои имаат еден заеднички именител, а тоа е реализирање на сеалбанската платформа потпишана во Тирана на 7-ми јануари.

Се појасно се наѕира и крајната цел на ова сценарио во кое што е втурната Република Македонија, а тоа е нејзино редефинирање и промена на името.

Ваквиот подмолен обид да се изврши притисок врз Република Македонија е целосно неприфатлив и за ВМРО-ДПМНЕ и за мнозинството граѓани во државата.

СДСМ со своето неодговорно однесување предизвикува гнев и револт на народот.

Народот бара од аболицираниот криминалец Зоран Заев и СДСМ јасно и гласно да се откажат од Тиранската Платформа, чии елементи директно го загрозуваат унитарниот и мултиетнички карактер на Република Македонија. Тоа до ден денес не се случи. Аболицираниот Заев и криминогеното раководство на СДСМ се обидуваат да ја релативизираат опасноста од Платформата и се уште зборуваат за дебатирање околу теми кои се национален и државен интерес кои на крајот треба да ја редефинираат државата.

Впрочем изјавите на партнерот Зијадин Села, за кој не постои македонски народ, кој не признава македонска химна и знаме и кој отворено зборува за федерализација на Македонија, само е најава каква е крајната тенденција во наводното реформо сопартнерство кое СДСМ го гради околу себе.

ВМРО-ДПМНЕ ја разбира загриженоста која стотици илјади граѓани секојдневно ја покажуваат низ целата земја.

Народот се чувствува навреден и изигран од страна на СДСМ, кој пред изборите најавуваше план за живот, а после избори отпочна да реализира план за разнебитување на Македонија, базиран на Тиранската Платформа.

Секој поминат ден во реализирање на Тиранската Платформа и премолчување на елементите содржани во неа, од страна на СДСМ, уште повеќе ги плаши граѓаните дека оваа партија ја има прифатено Тиранската Платформа во целост.

Заради тоа народот е на нозе. Заради тоа Македонија се буди“, изјави Ирена Попова.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он