„Народот одбра промени и нова иднина, проекти наместо криминал. Народот ја препозна новата енергија на ВМРО-ДПМНЕ и кадровската понуда која ја презентиравме, со луѓе компетентни и докажани во своите места на живеење“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Над 100.000 граѓани повеќе одбраа и го дадоа својот глас за ВМРО-ДПМНЕ, а не за СДСМ. Граѓаните во 43 општини и градот Скопје покажаа дека сакаат промени. Надежта е родена.
Народот одбра работа наместо тендери. И градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ уште од првиот ден покажуваат разлика. Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ ја носат иднината.
Проектите кои ги ветија ќе бидат исполнети, а тие значат забрзан развој, подобро и поудобно живеење. Народот одбра иднина. Посветено и чесно ќе работиме за подобро утро на сите“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.
