ВМРО-ДПМНЕ: Народот не дозволува ниту формирање Тиранска Влада, ниту реализирање на Тиранска Платформа

Од:

„Ветувањата и обврските на криминалецот Заев и злосторничкото здружение во врвот на СДС кон нарко-мафијашките структури кои им помагаа на избори се нивен проблем, а не проблем на народот.

Долговите кои криминалецот Заев ги има заради барањето поткуп и незаконскиот обрт на стотици милиони евра преку фирмите на неговиот клан се негови долгови кон тие што го штитат за криминалот, а не долгови на народот.

Сервилниот однос кон сите што го негираат македонскиот идентитет и предавничкото молчење и прифаќање на Тиранската Платформа е проблем на криминалецот Заев и злосторничкото здружение околу него, а не на народот.

Народот не дозволува ниту формирање Тиранска Влада, ниту реализирање на Тиранска Платформа. Народот не го интересираат фактурите на Заев. Затоа СДС е во паника.

СДС е цврсто решен својата фактура да ја плати со распродажба на највисоките национални и државни интереси.

СДС е однародена партија. Стотици илјади граѓани секојдневно им порачуваат дека е почесно да ги одлежат затворските казни што ги чекаат за криминалот отколку да извршат предавство. Цената на фактура СДС може да си ја плати со криминално стекнатиот имот на нивното раководство.

Цената за Тиранската Платформа криминалецот Заев може да ја плаќа со становите на Шилегов, колите на Богоев и јахтите на Шекеринска.

СДС е на спротивна страна од народот. СДС гледа непријатели во сите кои си ја сакаат татковината.

Единствен излез од оваа ситуација во која криминогениот СДС ја доведе државата е еден и единствен, а тоа се нови парламентарни избори! Само така граѓаните јасно ќе можат да се изјаснат околу Тиранската Платформа. Само така граѓаните на Република Македонија нема да се чувствуваат измамено“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус