ВМРО-ДПМНЕ: Народот ќе одбере нова иднина и надеж, поддршка за бројот 7 во сите општини и 82 за Скопје

Од:

Народот ќе одбере нова иднина и надеж, дадете поддршка за бројот 7 во сите општини и 82 за градот Скопје.

Народот во првиот круг во огромно мнозинство покажа дека сака промени.

Бранот на победи за промени тргна, и тој ќе биде уште посилен во вториот круг од изборите, во недела на 31 октомври.

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ имаат проекти како да ги решат секојдневните проблеми на граѓаните. Никогаш повеќе канализација и водовод да не бидат тема на избори.

Во недела конечно да го зададеме финалниот удар на власта за криминалот, корупцијата и рекетот кој го практикуваат, и заради што земјата е на врвот на листите на корупција во светот.

Народот има желба за подобро утро. Надежта е родена и ние се обврзуваме да работиме чесно за народот и државата, за нови инвестиции, решавање на инфраструктурните проблеми, чисти општини, здрава животна средина, за промените кои ги посакуваме потребна е уште една масовна излезност и поддршка кандидатите со бројот 7 за општините и 82 за градот Скопје. Поддршка и за кандидатите кои се против власта, а каде ВМРО-ДПМНЕ нема свои кандидати.

Би можело да ве интересира

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче