„Народот крена глас против Филипче и Заев и нивните фашизоидни и дискриминаторски мерки. Народот излезе на улица, ама Филипче и Заев ништо не ги интересира. Ниту следат искуства од светот, ниту размислуваат како да пролагодат на приликите“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
„Народот пак воопшто не го слушаат! Доцнеа со подготовка на здравствениот систем, кој пак се уште не е подготвен ни за 4-тиот бран.
Бројките на заболени вртоглаво растат, а има веќе и по 10-тина починати на ден.
Од Филипче и Заев одговори не се чекаат! Само да заминат од функциите и да се спаси народот!“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
