ВМРО-ДПМНЕ: Народот ги препознава лагите на Заев кој живее во минатото и дебело ќе загуби

Од:

„Народот ги препознава лагите на Заев кој живее во минатото и дебело ќе загуби. Заев 5 години оди низ Македонија и ги лаже граѓаните. Истите ветувања кои што ги даваше на претходните избори повторно ги дава сега. Заев во 2016 и 2017 ветуваше гасификација, гасификација нема, но затоа повторно ја ветува“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема место каде што Заев не ветуваше водоводи и канализации, и повторно за истите места Заев пак ветува водоводи и канализации. 4 години ништо не направиле малите зоранчиња, негови градоначалници.

Заев гледа дека дебело ќе загуби и затоа е нервозен. Затoа Заев навредува и шири говор на омраза.

Заев нема решение за ниту еден проблем, затоа што тој е проблемот.

Заев 4 години ги лаже земјоделците, лозарите, јаболкарите, овоштарите, оризарите сите мака мачат со продажба на произведеното. Цените кои им се нудат не се доволно ниту трошокот да го покријат, а не пак да им остане нешто за егзистенција.

Народот пати. Половина милион луѓе се на раб на егзистенција со по 150 денари на ден, а Заев вози БМВ од 100.000 евра. Тоа е болната реалност.

Со Заев не може напред. Тој е заглавен во минатото се бори со замислени противници, со него Македонија ќе тапка во место. Потребни се промени. А тие промени ги предводи ВМРО-ДПМНЕ и на 17 октомври ќе дојдат. Време е да создадеме нова иднина“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ