ВМРО-ДПМНЕ: Народот бара предвремени парламентарни избори

Од:

„Народот на 11-ти декември не гласаше за бинационална држава. Народот не гласаше за двојазичност, за менување на химна, за менување на знаме и на име.

Криминогениот СДС и аболицираниот криминалец Зоран Заев нека не се надеваат дека нарко-мафијашите и луѓето што го негираат македонскиот идентитет ќе ги донесат на власт.

Граѓаните јасно кажуваат дека не сакаат туѓи платформи од странски држави. Граѓаните не ја сакаат Тиранската Платформа, која СДС сака да ја протурка и да формира влада по секоја цена.

Криминалците од СДС не можат да го излажат народот се со цел да се спасат од затвор. Народот ги прочита и им порачува секој ден на улиците дека ќе одговараат пред правдата, Не може со некоја неуставна платформа да се спасат.

Ако СДС некому нешто должи, нека се раздолжи со парите на криминогеното раководство на СДС. Не може своите долгови СДС да ги плаќа со националните и државните интереси на Македонија.

Македонија не е играчка на криминогениот СДС. Со Македонија не може секој да се игра како сака и да тргува со неа.

Народот порачува на СДС, Македонија никогаш нема да стане бинационална држава, Македонија нема да се редефинира.

Народот бара предвремени парламентарни избори за да ја отфрли неуставната платформа и да го казни СДС“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски