ВМРО-ДПМНЕ: Народ умира по болници, регионот се снабдува со вакцини, Заев ќе седи дома во пижами

Од:

„Тажната реалност говори дека земјава последна ќе се снабди во вакцини против корона. Вчера Заев призна дека нема план и дека можеби бугарските вакцини со кои се пофали дека се донација, а кој најверојатно се со симболична бројка ќе стасале до месец март.

Има информации и дека иако била понудена помош за снабдување со вакцини Заев од неразбирливи причини не ја искористил. Од друга страна Србија започна со вакцинирање на населението, истото за скоро ќе го направи и Бугарија и Грција. Додека државите засилено работат за обезбедување на вакцини Заев објасни дека новогодишните празници ќе ги поминел во пижами“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Немаше потреба тоа да го каже затоа што изгледа премиерот Заев е 365 дена во пижами неработејќи ништо корисно. Пижама премиерот Заев не обрнува внимание на тоа што народ умира по болници и ходници, што за земјава нема вакцини, што нема доволно услови за борба против пандемијата.

Ако владата не е способна да обезбеди вакцини против корона тогаш прашањето е за што ги трошат парите на граѓаните?

Неспособноста на Филипче и Заев нема граници. Ќе беше вистинско чудо доколку обезбедеа вакцини против корона во разумен рок. Практично нивната неспособност народот го чини здравје и загубени животи“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност

На СДС и Филипче им пречи независноста и сега се против македонското знаме кое двапати го менуваа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски