ВМРО-ДПМНЕ: Направивме најголем инвестициски циклус во историјата на македонското здравство

Од:

СДСМ веќе десет години фрустрацијата што не е на власт, ја лечи со срамни обиди за дискредитирање на капиталните проекти кои Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ги реализира, реагираат од партијата по прес конференцијата на портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов дека од ветувањата за новата клиника во Скопје останаа само тарабите.

-Залудно се обидува СДСМ да фрли дамка на здравствениот систем во кој се спроведува најголемиот инвестициски циклус во историјата на македонското здравство. Околу 110 милиони евра изнесува инвестицијата за градби и реконструкции на јавни здравствени установи низ државата кои се веќе комплетно завршени или се во тек.

-Изградивме нова Детска болница во Козле, според врвните светски стандарди за лекување и третман на најмладите пациенти. Изградивме комплетно нов објект за ПЕТ-Центарот – најсложен здравствен објект изграден во историјата на Република Македонија, за кој е обезбедена и најсовремена опрема. Реновиравме и реконструиравме бројни болници и здравствени домови низ државата.

Ако појдете во Штип, ќе се уверите дека интензивно се одвиваат градежните работи за изградба на нова клиничка болница – инвестиција вредна околу 56 милиони евра, вклучувајќи ја и инвестицијата за нова опрема, проектирање и други инфраструктурни зафати, со кои штипската болница ќе прерасне во најсовремена болница во поширокиот регион.

Во тек се и реконструкциите на болниците во Велес, Прилеп, Битола, Струмица, Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св.Еразмо“ во Охрид, и др.

Во македонското здравство се инвестирани над 115 милиони евра за набавка на нова, најсовремена медицинска опрема со која сериозно го подигнавме квалитетот на здравствените услуги. За првпат отворивме и успешно функционираат државна кардиохирургија, детска кардиохирургија, интервентна кардиологија.

Ова е реалната слика за македонскиот здравствен систем, наспроти лажната слика која СДСМ се обидува да ја креира низ личните фрустрации, неуспеси и ниту еден реализиран проект во било кој сегмент од здравството, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Трендафилов призна дека СДСМ и Левица стојат зад протестите на ССМ

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Случајот со планот за насилно преземање на болницата Жан Митрев е доказ за тоа како Филипче и Заев ги користеле државните институции за лични интереси

Стojаноски: Али и Венко додека беа на власт другаруваа правејќи криминални шеми, а сега се здружени против безбедноста и животите на граѓаните

Обвинителката Ленче Ристоска поднесе тужба против ВМРО-ДПМНЕ