ВМРО-ДПМНЕ: Направивме многу отстапки, нема место за нови

Од:

Во досегашниот тек на преговорите ВМРО-ДПМНЕ направил многу отстапки за компромис и нема простор за нови, особено во делот на организација на Владата. Промена на министри и премиер е нешто што ВМРО-ДПМНЕ нема да прифати. Односот на СДСМ, пак, бил неодговорен со желба преговорите да не успеат, заклучил на вчерашната редовна седница Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, разгледувајќи ја политичката состојба во државата.

– Во досегашниот тек на преговорите ВМРО-ДПМНЕ беше крајно конструктивна страна и направи многу отстапки во правец на изнаоѓање на компромисно решение за политичката состојба. ВМРО-ДПМНЕ во понатамошните разговори нема простор за нови отстапки, особено не во делот на организација на Владата за подготовка на наредните избори. Второ, односот на СДСМ во преговорите беше неодговорен и со јасна желба истите да не успеат заради најмалку две цели. Првата цел на СДСМ е да нема избори во април 2016 година бидејќи се свесни дека ги очекува тежок пораз. Втората цел на СДСМ е политичката криза да предизвика економска криза, што СДСМ го гледа како свој партиски интерес и надеж за успех, се вели во денешното соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.

Дополнително, се посочува во него, политичката штета од негативните извештаи од меѓународните организации, како и можното губење на препораката за започнување на преговори со ЕУ е на листата на цели на СДСМ.

– За ВМРО-ДПМНЕ е неприфатливо да учествува на преговори доколку и се додека СДСМ, со илегално стекнати и монтирани материјали на прес-конференции ја манипулира јавноста, истакнуваат од партијата.

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ го поздравува напорот на претставниците на меѓународната заедница и, како што се посочува во соопштението, уште еднаш потврдува дека стои и е подготвена за имплементација на договорот од 2 јуни, но нагласува дека нема намера да продолжи со отстапки на нелогичните барања на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Власта тера луксуз и тендери, а крати 3 милиони евра за болните од ретки болести

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

СДСМ: Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски со авионот се плаши за својот живот, а не за животите на своето семејство?!

Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) СДСМ: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

Катерина Ѓуровски