ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да зголемува даноци, Заев да скрати на тендери и на вработување партиски војници

Од:

Наместо да зголемува даноци и да воведува нови, Заев да скрати на тендери и вработување на партиски војници во администрацијата. Зголемувањето на даноците и удар по џебот на народот не е и не може да биде решение за долговите во кои нé фрли Заев. Дека Заев ја довел државата во безизлезна ситуација е и ставот на Таки Фити од МАНУ, кој тврди дека треба да има зголемување на даноците велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Наместо зголемување на даноци, Заев нека ги скрати тендерите кои секојдневно се распишуваат и договорите во четири очи. Набавка треба да има само за неопходни работи. Наместо да зема од народот Заев нека запре со полнењето на јавната администрација со партиски кадри. УЈП на Лукаревска да се позанимава со сивата економија, и наместо толерирање на должниците блиски до Заеви нека почне да го полни буџетот со тие кои не плаќаат даноци и се нелојална конкуренција на сите“ – стои во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?