ВМРО-ДПМНЕ: Наместо да се инвестира во гасна централа во Грција, може да се направи гасна централа во ТЕЦ Неготино

Од:

„На повидок нова „енергетска авантура“ наречена изградба на гасна електрана во Грција. Изминативе два-три дена слушнавме на Македонскиот енергетски форум од сегашниот генерален директор на ЕСМ дека Македонија времено се откажува од инвестирање во нуклеарната електрана во Белене-Бугарија и ќе се пренасочи во изградба на гасна термоелектрична централа во Александропулос-Грција. Учеството во градбата би била околу 25% од инсталираниот капацитет или би имале 200 MW од инсталираниот капацитет од 800 MW.

Позитивно е што се размислува за нов производствен капацитет кој ќе обезбедува базна енергија. Но, има некои работи кои треба да се учат од историјата, иако оваа власт ја продава историјата и вели не е важна. Еве пример како е важна знаејќи го минатото. Во време на СФРЈ, некаде во 1960 тите и 1970 тите години, Република Македонија инвестираше во градба на еден термо блок од 200 MW во ТЕ “Косово А“ со цел таа енергијата за следните 20 години да ја користи во тогашната фабрика Железара – Скопје. Тогаш бевме сите во заедничка држава, но во посебни републики. И покрај тоа, снабдувањето со електрична енергија од овој блок не беше без проблеми. Честопати било каков дефект на Термо блоковите во Косово, беше поврзан со блокот кој го финансираше Македонија, сите трошоци за поправки на дефекти, ремонти и резервни делови беа наплатувани на товар на Македонија, а сигурноста во снабдувањето беше нестабилна. Контролата на работењето на блокот беше во рацете на локалните власти и Македонија во основа слушаше што ќе им кажат властите од Белград па дури и колку да платат за поправки и други трошоци. Тој период заврши и сега финансиите ги немаме, а немаме ниту термоблок“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Со оглед дека Македонија во инвестицијата во гасната електрана во Грција би била малцински учесник, нема да има управувачки пакет, ниту некоја решавачка улога во работењето на електраната. Ова е поткрепено и со досегашно негативно искуство за досегашното докажано “пријателство“. Им даваме само аргумент за уценување во дадени критични моменти во електроенергетска криза, а згора не сé тоа го финансираме сами.

Инвестицијата во гасната електрана во Грција ќе чини многу средства. Кога најмногу ќе треба, може и да не работи бидејќи персоналот за работа и управувањето ќе бидат странски. Со кои гаранции ќе се обезбедува работењето на тој блок? Со терминот “наши пријатели“? Најверојатно дека нема некоја посериозна анализа за обезбедување на гарантирано учество во управувањето со електроцентралата, ниту финансиска конструкција колку тоа ќе чини. Знаејќи ја сегашнава македонска гарнитура на власт, тоа ќе биде гаранција на наведната кичма, а со тоа ништо не се постигнува.

Да им препорачаме на овие “експерти“ дека сите тие средства кои планираат да ги префрлат во други држави и да градат централи за туѓи интереси, подобро да ги инвестираат во гасна електроцентрала дома. На пример во ТЕЦ Неготино, каде гасот е веќе пристигнат. Или во ТЕЦ Осломеј или во ТЕЦ Битола. Нели е така многу поисплатливо; да имаш на своја територија централа и да ја управуваш и го користиш бенефитот од истата.

Но, има едно малку чудно решение кое го протежира оваа власт. ТЕЦ Неготино ќе го продаде, а ќе инвестира во Грција или Бугарија, за да учествува во друга држава во изградба на нивна електрана. Како да го коменираме ова, како лудост, наивност, свиткана кичма или нешто друго?

Исто така, интересен е феномоненот што Владата предводена од СДС, во врска со Стратегијата за за развој на енергетиката на Република Македонија, нема апсолутно никаква визија. Иако Стратегијата за развој на енергетиката го дефинира најпогодниот долгорочен развој со цел да се обезбеди сигурно и квалитетно снабдување на потрошувачите со енергија, кадрите на СДС стратегијата ја менуваат неколку пати месечно, а некогаш и почесто. Последните четири години сме сведоци на секакви изјави, кои некогаш се и дијаметрално спротивни.

Во едни изјави државата гледа интерес во нуклеарната централа Белене во Бугарија, па за кратко време се менува идејата и се насочуваат кон производство од фотоволтаични централи.

Некогаш во нивните изјави го модернизираат РЕК Битола за да го продолжат работниот век и да ја заштитат животната средина, па истите после го затвораат РЕК Битола во 2025 и по потреба има јаглен и по 2050 година. Сега имаме идеја за инвестирање во гасна централа во Грција.

Какви енергетски решенија за производството на електрична енергија во наредниот период ќе најават кадрите на СДС не може никој да предвиди, но со ова однесување на СДС и со водење на ваква енергетска политика можеме да очекуваме несигурно производство и снабдување на електрична енергија, поголема енергетска зависност, а со тоа енергетска и економска криза во Република Македонија.

Колку побрзо ги испратиме СДСМ во историјата, толку подобро за Македонија.

Македонија има итна потреба од нов енергетски менаџерски тим и реализација на стратешки проекти во државава за развој на енергетиката.

Следно што треба да направи Васко Ковачевски е да си поднесе неотповиклива оставка од позицијата генерален директор на АД ЕСМ, додека се уште има време да се спаси Македонија“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе ги потврди листите за пратеници

Катерина Ѓуровски

Талевски: ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Николова: Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје

ВИДЕО: Време е за 90 пратеници и една изборна единца порача Мицкоски во промоцијата на изборната програма

Катерина Ѓуровски

Членство во ЕУ и продолжување на стратешкото партенство со САД – изборна програма на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ ќе ја презентира програмата за парламентарните избори 2024