ВМРО-ДПМНЕ: Наместо чист Карпош, една од најурбаните општини во Скопје се претвора во депонија

Од:

„Стефан Богоев цели шест месеци е градоначалник, а нема направено ниту еден проект. Ветуваше чист Карпош, а сега гледаме како од една од најурбаните општини во Скопје, се претвора депонија.

Наместо големиот парк кој го ветуваше Богоев, граѓаните на Карпош добија еколошка бомба и потенцијален извор на разни зарази и болести.

Граѓаните на Карпош се шокирани од неажурноста на Богоев кој остава купишта смет на зелените површини во општината. Наместо да се градат нови паркови и зелени површини како што се ветуваше пред изборите, во Карпош единствено се зголемува просторот со диви депонии.

Лицемерно е од партијата која на граѓаните им ветуваше чист воздух и животна средина, сега да не преземаат ништо и да дозволуваат да се создаваат депонии на секој чекор. Ветуваа проекти на граѓаните за кои ниту се способни, ниту имаат намера да ги реализираат.

Недозволиво е најголемиот проект во оваа урбана општина да биде создавање на диви депонии. Шест месеци Карпошани се сводоци на неработа и неспособност каква што немаат видено до сега. Граѓаните на Карпош заслужуваат подобро“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

Истрагата откри: Стојанче Јовановски цели седум години ја тепаше, малтретираше и ја понижуваше сега покојната Ивана

Горан Наумовски

Отворена e истрага за надзорот во Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош

Горан Наумовски

Судот му го продолжи притворот на Стојанче Јовановски по трагедијата во Карпош

Притвор за сопругот на Ивана, се сомничи за наведување на сторување самоубиство

Предраг Петровиќ