ВМРО-ДПМНЕ: Намалувањето на цените на лековите е наш проект

Од:

„Во недостаток на идеи СДСМ продолжува да се фали со проектите на ВМРО-ДПМНЕ.

Намалувањето на цените на лековите е проект на ВМРО-ДПМНЕ, не на СДСМ. СДСМ само парцијално го спроведува проектот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мерката за намалување на цената на лековите е почната во 2012 година. Истата се спроведуваше два пати годишно и со неа беа опфатени над 4.800 лекови, кај кои цените и повеќе пати се намалувани.

Заштедата во џебот на граѓаните со оваа мерка изнесува над 33 милиони евра. СДСМ наместо во целост да го продолжи овој успешен проект, кој донесе заштеди кај граѓаните, тие нудат парцијални решенија.

Доколку СДСМ навистина работи во интерес на граѓаните, намалувањето ќе го прави два пати годишно, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ, а не еднаш, кои го спроведуваат од популистички причини.

Граѓаните ја гледаат безидејноста и неспособноста на власта. СДСМ ветуваше итни и интервентни мерки во здравството во првите шест месеци од преземањето на власта, како бесплатно болничко лекување и покачување на платите на лекарите и медицинските работници за 15%.

СДСМ излажа. СДСМ не направи ништо за здравството. Бесплатно болничко лекување нема. Платите на лекарите и медицинскиот персонал не само што не се покачени, туку во одредени здравствени установи беа исплатени и помали плати. СДСМ го уништува македонското здравство.

СДСМ ги лишува граѓаните од квалитетна целосна здравствена заштита. Наместо функционално здравство добивме здравство на апарати“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче од Крушево: Македонија не смее да биде држава во која водата за пиење е опасна

А1он

Манасиевски: Скандалот со водата во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт која ја предводи СДС, заедно со ДУИ и Таравари

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Поради тендер патриотите Клековски и Мицкоски отруена е цела Македонија

Катерина Ѓуровски

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид