ВМРО-ДПМНЕ: Најостро го осудуваме претепувањето на Тодор Петров

Од:

ВМРО-ДПМНЕ најостро го осудува бруталниот чин на претепување на претседателот на Светскиот Македонски Конгрес, Тодор Петров.

– За нас тоа е кукавички и подмолен акт со кој што се прави огромна штета на државата. Дестабилизацијата и наметнувањето на криза е очигледно и веќе видено сценарио против мирот, стабилноста и соживотот во Република Македонија. МВР под контрола на СДСМ и нивните партиски кадри е во длабок сон и нем соучесник во ваквото сценарио. Оливер Спасовски незаконски ги разреши професионалните кадри во министертвото и инсталираше свои послушници, вклучувајќи го и началникот на СВР Скопје, истакна на Даниела Рангелова, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, на попладневната прес-конференција.

Според ВМРО-ДПМНЕ, ваквата деструкција на професионализмот во министерството почнува дa се покажува и во пракса. – Оливер Спасовски во овие четири месеци освен што работеше на конструкција на случаи заедно со неговиот сопартиец Чауш и што со Катица Јанева договараа незаконско апсење на единствениот македонски градоначалник надвор од земјава Едмонд Темелко, не сработе ниту едно нешто за кое добива плата од граѓаните, рече Рангелова.

ВМРО-ДПМНЕ бара Спасовски да ги пронајде, уапси и санкционира сторителите. – Бруталното насилство врз Тодор Петров е доказ за наметнатата деструкција која СДСМ ја произведува во општеството и која веќе нема граници и излегува од контрола, рече Рангелова.

Главниот грев на Тодор Петров, посочи, е дека поднесе иницијатива за оценување на уставност за формирањето на Специјалното јавно обвинителство и што низ легална процедура поднесе иницијатива за градење крст во општина Бутел.

– Последниот случај е доказ за хаосот во кој СДСМ ја втурна државата, но и хаосот во кој што се наоѓаат институциите кои СДСМ ги контролира. Оливер Спасовски е најголем срам за македонската држава. Тој е синоним за кукавичлук, неработење и рушење на државните и национални интереси. Оливер Спасовски е човекот кој ден по акцијата во Диво Насеље не отиде да ги посети повредените полициски службеници туку отиде да се фотографира на местото каде што гинеа македонските херои, истакна Рангелова.

ВМРО-ДПМНЕ на Спасовски му порача „наместо да ги инструира неговите најблиски соработници да одат на протести пред Уставен суд и наместо да се занимава со сплетки и интриги, најитно да го реши овој случај“.

Би можело да ве интересира

Филипче: Нема да бидеме параван на пропаднатите политики за ЕУ на Мицкоски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Цената на автопатот Кичево – Охрид, СДС и ДУИ ја зголемиле за 200 милиони евра без образложение

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Владата на СДС и ДУИ ги заглави Национални шуми, еден милион евра ненаплатени побарувања, за 800.000 нема никакви податоци

Николовски за 100 дена Влада: Нула мерки и закочени субвенции

Катерина Ѓуровски

Лефков: ДЗР констатира Владата на СДС и ДУИ со авторски договори ангажирала лица кои не вршеле работа од тој тип, ниту имало потреба за тоа

Тренчевска: Платите се намалуваат, се враќа политиката на евтина работна сила

Катерина Ѓуровски