ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува заканите упатени кон претседателот на ЗНМ, Насер Селмани

Од:

„Пајакот мора да биде сопрен! Колку и да звучи иронично, неказнивоста и селективната примена на законите само предизвикуваат охрабрување на насилството.

ВМРО-ДПМНЕ најостро ги осудува заканите кои му биле упатувани на Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Со жалење констатираме дека ваквите појави се последица на инертноста и неодговорноста на МВР која наместо соодветно да ги санкционира политичките насилници, ги заштитува и ги забошотува случаите на насилство и закани.

Сторителите се добро познати, ама Оливер Спасовски, Владата на СДСМ и надлежните институции се прават слепи при очи и глуви при уши.

ВМРО-ДПМНЕ принципиелно бара да се санкционира секој облик на закани и насилства, особено кон новинарите и медиумите, кои до ден денес власта на СДСМ не ги процесуирала. Ваквото однесување на структурите на СДСМ само покажуваат за какво лицемерие се работи и нивната неподготвеност да се спотивстават на подземјето, политичките насилници и криминалци кои поради блискоста со владеачката партија се чувствуваат недопирливи во нивното тероризирање на граѓаните во Македонија“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ на заканите упатени кон Претседателот на ЗНМ, Насер Селмани.

Би можело да ве интересира

Андоновска: СДС да се дистанцира од Филипче и Заев, на Македонија и треба силна опозиција

ВМРО-ДПМНЕ: Орце Ѓорѓиевски и мнозинството ќе го постават Скопје на нови, здрави темели, за чист и модерен главен град

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ би имале 52 пратеници а СДСМ 21, изгубија 140.000 гласови и попусто лажат со весели математики

ВМР0-ДПМНЕ: Ако утре има парламентарните избори, ќе освоиме над 60 пратеници, а СДСМ би била во некои изборни единици трета партија