ВМРО-ДПМНЕ: Најостра осуда за фрапантниот јавен говор на омраза на Мирослав Грчев

Од:

„ВМРО ДПМНЕ најостро го осудува фрапантниот јавен говор на омраза на функционерот на СДС Мирослав Грчев. Тој во пишана колумна испраќа фашизоидни пораки на поделба, сегрегација и јавен повик за уништување.

Функционерот на СДС најсрамно навреди 455 илјади граѓани кои гласаа за коалицијата на ВМРО ДПМЕ на претходните избори. Мирослав Грчев на сите им порача, цитирам: „вмровскииот ген мора да се искорне од телото на македонската држава“. Морало да има дезинсекцијата, дезинфекцијата и деконтаминацијата од смртоносниот ген на ВМРО-ДПМНЕ”, порачува Грчев.

И најважно, ова е конкретен пример за хистеријата која ја креира СДС и Зоран Заев, а кој веќе доведе до монструозен обид за убиство на Никола Тодоров, бомба во куќата на Милошоски, и редица други инциденти кои се плод на црната кампања на СДС.

Ова е хајка и поттикнување одмазднички акции. Очигледно вака ја замислува демократијата СДС. Ова е срам за државата, срам за демократијата. Ова ли е животот кој го ветуваше Зоран Заев“, изјави Орце Ѓеорѓиевски .

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус