ВМРО-ДПМНЕ: Најдобра мерка за борба против корона се оставки од Филипче и Караџовски

Од:

„Филипче секој ден покажува дека може уште повеќе. Тоа го покажа пак со нов рекорд од 1085 новозаболено од корона во едно деноноќие.

Со Филипче Македонија ги руши сите рекорди. Во Македонија со Филипче бројката на активни случаи е скоро 10 илјади, а бројката на починати скоро илјада лица.

Од политиката на Филипче, во која приоритет се тендерите и личниот интерес и интересот на тесен круг на луѓе од партијата, резултатот е видлив“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

„Само граѓаните и нивниото здравје што му е работа на Филипче никако да дојде на дневен ред. Уште пострашно е што секојдневно се бројат заболени деца, заболени вработени во градинки и училиштата.

Филипче воопшто не се заинтересира за здравјето на најмладата популација и оние кои се грижат за нив и за нивното образование.
Зошто Филипче правеше скрининзи на празно во мај, и не ги отвори градинките.

Кога на Филипче не му текнува или можеби не знае, ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски како на почетокот на кризата и сега му помагаат.

Министре, правете бесплатни тестови за корона на сите негувателки, учителки, наставнички во градинките и училиштата еднаш месечно. Министре ваша е грижата за здравјето ма граѓаните, а ги оставивте само на себе.

Министре доста со тоа дека не се почитуваат мерките, преземете одговорност! Најдобрата мерка за борба против корона е оставка на Филипче и првиот човек на политичката Комисија за заразни болести, Жарко Караџовски!“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му