ВМРО-ДПМНЕ: Најдобар излез од актуелната криза се нови, предвремени избори

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ мора да остане со народот и да продолжи да ги брани државните и национални интереси по секоја цена.

Централниот комитет на вчерашната седница донесе заклучок со кој Извршниот Комитет и партијата треба да продолжат да се спротиставуваат на обидите за редефинирање на Македонија од мултиетничка во бинационална држава. Не смее да се дозволи реализација и на останатите фази од процесот кои подразбираат менување на банкнотите, воведување на албанскиот како официјален јазик, кантонизација и федерализација, но и отпочнување преговори за менување на химната, грбот и знамето како вовед во промена на името и идентитетот.

Централниот комитет ја констатираше фактичката политичка состојба во која победникот во албанскиот блок партии одлучи да не коалицира со победникот во македонскиот блок испраќајќи го во опозиција, односно одлучи да ја изигра волјата на мнозинството македонски граѓани кои гласа за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“. Со тоа засекогаш е погазен принципот „победник со победник“ и веќе не постои вистинска причина во иднина да биде загарантирано учеството во извршната власт на партијата која би освоила мнозинство од албанските гласови.

Уцената со која се соочува СДСМ најскапо ќе ја чини државата. Стравот на криминогеното раководство на СДСМ дека ќе треба да издржува казна затвор доколку не формира влада, го тера да прифаќа секакви максималистички барања на штета на државата. Затоа Зоран Заев ја прифати платформата од Тирана и презеде обврска да ги реализира на штета на државата.

Затоа Централниот комитет го потврди ставот дека најдобар излез од актуелната криза е да се оди на нови, предвремени избори. Тие би се одржале заедно со локалните. Со тоа би се редуцирале трошоците, а граѓаните би добиле шанса да се произнесат околу тиранската платформа, која беше донесена после изборите како услов за формирање на влада.

Централниот комитет, исто така констатираше дека помала е штетата доколку на СДСМ му се понуди поддршка за формирање на влада и покрај тоа што ги изгубија изборите. Оваа поддршка би се реализирала само со експлицитно отфрлање на тиранската платформа и нејзините елементи од страна на СДСМ“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски