ВМРО – ДПМНЕ најави почеток на проекти во Охрид кои ги ветуваше и минатата година

Од:

Градоначалникот Никола Бакрачески заедно со министерот за финансии, Зоран Ставрески денеска означија почеток на реконструкцијата на улицата „Питу Гули“ во Охрид. Со кредит од Светската бакна во износ од два милиони евра планирано е да се реконструираат повеќе улици низ градот, но и, како што рече Бакрачески, да се изградат неколку кружни текови.

Ќе биде целосно реконструирана улицата „Ристо Чадо“. Ќе биде реконструиран и патот од Елешец до Елшани како и улицата „Илија Смически“ во селото Лескоец, а од истите овие средства ќе бидатизградени два кружни текови на билеварот „Туристичка“ и ќе бидат набавени пет најсовремени возила за потребите на Јавното претпријатие „Охридски Комуналец“ – рече градоначалникот Никола Бакрачески кој заедно со Ставрески свечено го означија стартот на реконструкцијата на улицата „Питу Гули“.

Stavreski-Bakraceski

Ставрески рече дека доколку градоначалникот на Охрид ги заврши овие проекти, на градот ќе му биде одобрен уште еден милион евра. Министерот за финансии ги одбегна одговорите на новинарите и не сакаше да одговори на новинарските прашања.

Само половина час откако Ставрески и Бакрачески заминаа од местото на настанот, заминаа и машините кои ги имаа донесено за настанот. Остана само една машина чиј транспорт е потежок. Реконструкцијата ниту започна, ниту се знае дали ќе продолжи. Но, охриѓани останаа збунети затоа што градоначалникот реконструкциите на овие улици кои денес ги спомена, ги најавуваше и за во 2014 година.

Ќе има реконструкција и изградба на улицата „Ристо Чадо“. Изградба на две кружни сообраќајници на делот каде Булеварот „Туристичка“ се вкрстува со улиците „Бистрица“ и „7-ми Ноември“.Изградба на патот од Кромидишта до населбата Рача. Реконструкција на улицата Илија Смически во село Лескоец – рече Бакрачески на почетокот во 2014 година кога Охрид го најавуваше за „големо градилиште“.

posle-nastanot

Со речиси идентична изјава, денеска Бакрачески заедно со Ставрески ги убедуваа граѓаните на Охрид дека наредните две години ќе бидат револуционерни за Охрид. Колку се сериозни најавите покажува сликата на улицата без машините само половина час откако Бакрачески и Ставрески го напуштија местото.

ф.Ј.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Нема компромис со дивоградбите, и во Охрид и низ целата држава

Горан Наумовски

УНЕСКО му даде нова шанса на Охрид: Пет години за исполнување на препораките

Бунтот се шири во Струга, фактури од ЗАМП доаѓаат за ист апартман до повеќе членови на семејство

(ВИДЕО) Шајн: Пецаков и ВМРО го загрозија статусот на Охрид, УНЕСКО алармира на пропустите

Пожар во Охрид, огнот се шири кон куќите

Горан Наумовски

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“ во Охрид