ВМРО-ДПМНЕ: Најавената фабрика за согорување отпад во Неготино е опасност од загадување

Од:

Зоран Заев ги излажа граѓаните од Тиквешијата. Среде земјоделски регион и најплодна почва, Заев најавува во Неготино изградба на фабрика за согорување на отпад од речиси цела држава. Тој на земјоделците од овој регион им ветуваше здрава животна средина, а сега им носи опасност од енормно загадување велат од ВМРО-ДПМНЕ во соопштение.

„Да биде овој бизнис уште посомнителен, наведениот инвеститор кој го најавува Заев е од Луксембург, земја позната по оф-шор фирми со сомнително сопствеништво кое е сокриено за јавноста. Оф-шор компанија во комбинација со Заев е рецепт за корупција и еколошки злостор. Ова како и за многу други добри зделки на Заев мириса на провизии и криминал, се разбира на штета на народот. Во ситуацијава на штета на граѓаните на Кавадарци, Неготино, Демир Капија, Росоман и соседните општини“ – се вели во соопштението од опозициската партија.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?