ВМРО-ДПМНЕ: Надлежните да понесат одговорност за нерешавањето на случајот во Љуботен

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска оцени дека се додека истрагата за сквернавањето на православните гробишта во Љуботен стои во место, безбедноста на граѓаните е загрозена.

Дејан Митровски од ВМРО-ДПМНЕ изјави дека поради ова надлежните во Министерството за внатрешни работи треба да понесат одговорност.

– МВР и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски целосно потфрлија за тоа за кое се платени со пари на граѓаните. Тие очигледно не се грижат за редот и мирот во државата, а сторители на кривични дела, како свернавење на гробишта, креирање на тензии и поттикнување верска и национална омраза, се оставаат слободно да се шетаат и да ги поворуваат одново. Како поинаку граѓаните да го толкуваат фактот дека после 12 дена сеуште не се откриени сторителите на вандалскиот чин во Љуботен кога беа уништени 30-тина православни гробови, рече Митровски.

Тој додаде дека штетата од овој чин не е само материјална, туку може да влијае и на меѓуетничките односи во Бутел.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски