ВМРО-ДПМНЕ: Над 25.000 граѓани за три часа му кажаа „не“ на Заев за фалсификат попис

Од:

„Над 25.000 граѓани за три часа му кажаа НЕ на Заев за фалсификат попис.

На над 300 пунктови во државата граѓаните масовно излегоа и без страв го кажаа својот став.

Граѓаните му ја упатија пораката на Заев. Доколку Зоран Заев има барем малку доблест по денешната порака која му ја упатија граѓаните, ќе го повлече Законот за попис“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Народот јасно кажа дека не е предмет за политички поткусурувања. Народот не е на пазар за некој со него да подмирува сметки.

Тоа што Заев го договорил како коалициски договор, нека најде друг начин да си го подмири.

Пописот не смее да биде политичка, туку статистичка операција.

Заев има можност да ја прифати подадената рака од ВМРО-ДПМНЕ и да организира електронски попис. Само така ќе се добие реална слика за бројот на населението, густината, верската, етничката и друг вид на припадност.

Со спроведување на електронски попис државата ќе има јасни податоци врз основа на кои ќе може да се прават среднорочни и долгорочни стратегии.

Заев веднаш да се откаже од фалсификат попис. Народот ја испрати пораката“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус