ВМРО-ДПМНЕ: На сите им е јасно дека Заев и неговата група го организирале прислушкувањето

Од:

Очигледно е дека во СДСМ се се уште во шок по фијаското и дебаклот на опозицијата на референдумот во Центар и по пораката од граѓаните дека не ја подржуваат деструктивната политика на СДСМ, па со денешната прес конференција на Зоран Заев на која објавуваше креирани, сечени, лепени, прелепувани и монтирани материјали чија веродостојност не е утврдена, си дадоа нов автогол, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

– И покрај тоа што дополнително покажаа дека одработуваат единтвено за туѓи интереси, покажаа и дека немаат никаков капацитет и кредибилитет за водење на реална политика. Заев е толку завлезен во деструктивност што веќе навлезе и во сопствено и партиско дефакторизирање и автодеструкција, се вели во реакцијата.

Со својот настап и со денешните креирани, сечени, лепени, прелепувани и монтирани материјали, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ, Заев си даде автогол и потврди дека токму агентурната мрежа на неговиот соработник Зоран Верушевски незаконски вршела прислушување за пари и по инструкции на Верушевски, со што ги потврди основните на сомнение кон обвинетите во случајот Пуч.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина