ВМРО-ДПМНЕ: На СДСМ му е се потешко да го прикрие стравот од претстојните избори

Од:

„ВМРО ДПМНЕ се залага што е можно побргу да се комплетира државната изборна комисија и да биде избран Генерален секретар. Станува збор за исклучително сериозна позиција и затоа не смее да се дозволат никакви импровизации. Мора да биде избран најдобриот кандидат прифатлив за мнозинството членови на комисијата.

Затоа ВМРО ДПМНЕ предложи вчерашната седница да продолжи денес. СДСМ одби. ВМРО ДПМНЕ предложи седницата да продолжи на 2-ри јануари. СДСМ го одби и овој предлог.

СДСМ традиционално лаже и манипулира. Целта на ВМРО ДПМНЕ беше на 4-ти јануари новиот секретар веќе да биде избран и да ја врши својата функција. СДСМ инсистираше тогаш да продолжи денешната седница.

На СДСМ му е се потешко да го прикрие стравот од претстојните избори. Затоа сме сведоци на вакви очајни обиди да се најде каква било причина или провокација за бегање од изборите. Денеска тоа е одлужувањето на седницата за неколку дена токму на барање на СДСМ. Утре може да биде немањето кафемат во ДИК или соодветни фиоки за чување на материјалите на членовите на СДСМ.

Доста е. Бегање од избори нема. За 114 дена народот ќе го каже своето мислење за ваквата деструктивна политика базирана на лаги и манипулации“, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, на соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски